Охрид ЈЗО Општа болница Охрид
Тимот кој работи со лица корисници на здравствени услуги вклучува - педијатар , психијатар , двајца психолози , двајца социјални работници, дефектолог, двајца логопеди и медицинска сестра и работи во одделот за ментално здравје при ЈЗУ општа болница во Охрид.
Ве молиме доколку сте во можност да ни помогнете да ги подобриме условите во кои работиме со корисниците на здравствени услуги ( деца и возрасни ) , ќе бидеме благодарни.
Тимот работи со деца од најрана возраст, врши откривање, пријавување , категоризација, рехабилитација и компензација се до комплетна социјална интеграција на корисниците.
Тимот работи мултидисциплинарно а соработува и со голем број на други институции
-
Центри за социјална работа
-
Училишта
-
Градинки
-
Верски заедници
Се со цел да им се помогнит на корисниците од медицински , економски и социјален аспект. Работи комисја за распоредување на лица со интелектуална попреченост согласно со правилникот за работа , службен весни на РМ. Бр. 30 од 19.04.2000 во склоп на истата установа.
Сметаме дека нашиот однос и грижа за овие лица е повеќе од хумано , а помошта што ја добиваме од други институции што не подржуваат во нашата работа е оценка за хуманоста на едно опшество кое се декларира за современа и цивилизирана.
Благодарност до сите кој ќе придонесат да ги надминеме барем дел од проблемите што ги имаме.
Со ПочитЈЗО Општа болница Охрид Раководител на оддел,
Дипл.Социјален
работник
Петреска Славица
|